Aмбицијата на инвеститорот да создаде голем станбен комплекс со интегрирани деловни простори на парцела со значителна длабочина претставуа огромен архитектонски предизвик. Како да се обезбеди допир на природна светлина до сите простории на локација со вакви пропорции? Овој проект е сведоштво за тоа како интуитивното дизајнерско размислување може да ги претвори ограничувањата во можности. Наместо да се придржува до ригидна, линеарна градежна линија, дизајнот воведува динамично прекршување на линијата по должина на објектот. Оваа суптилна, но стратешка манипулација на формата и издолжување на градежната линија овозможува сончевата светлина да навлезе подлабоко во структурата, обезбедувајќи природно осветлување дури и за највнатрешните простории. Фасадата претставува славење на локалното наследство, со дрвени капаци за прозорци инспирирани од традиционалната македонска архитектура. Овие елементи не се само декоративни, тие имаат двојна улога на културнен симбол и функционално природно осончување. На врвот на структурата се наоѓаат пентхауси и зелени покриви, каде што вегетацијата дислоцирана при градба внимателно се враќа. Оваа одлука е во согласност со глобалните трендови на одржливата архитектура. Овој проект е пример за тоа како архитектурата може истовремено да биде одговор на специфични предизвици на локацијата и медиум за културно изразување.
Гротекс
Карпош, Скопје
Завршен
2018
Тетрактис