mk en

Хотел и Спа Катлановска Бања

Овој објект претставува високостандарден спа комплекс, дизајниран со интегрален пристап кон програмската содржина и просторната организација. Проектот е резултат на детална компаративна анализа на водечките спа центри во регионот, при што се идентификувани и адаптирани најквалитетните архитектонски и функционални решенија, кои послужија како референтна матрица за развој на оваа уникатна структура. Спа центарот е конципиран како континуиран простор за живеење и релаксација, со 24-часовна функционалност и можност за конгресна експлоатација. Во рамките на комплексот се предвидени конференциски сали со капацитет од 100 - 200 посетители, што овозможува одржување на настани од различен карактер. Централниот елемент на спа зоната е базенската структура, составена од повеќе базени со кружни форми, кои создаваат динамичен и природен амбиент. Вкупната водена површина е значителна, што овозможува паралелно присуство на илјадници гости. Дел од базените се наполнети со минерална вода, транспортирана директно од локалните термални извори. Архитектонската композиција ја користи денивелацијата помеѓу двете пристапни улици, со висинска разлика од една етажа, што овозможува природна интеграција на објектот во теренот. Просторна организација по нивоа: Приземјето содржи медицински и спа центар, ресторан во рамки на спа зоната, како и низа функционални простории: базени со топла и ладна вода, парна и турска сауна, финска сауна, ароматерапија, солена и ладна соба, простории за третмани и релаксација Првиот кат служи како јавен приемен простор, со рецепција, лоби и бар, рецепција за спа центарот, галерија, соби за масажа и третмани Вториот кат комбинира централно фоаје, конференциски сали за состаноци и семинари, како и голем ресторан со професионална кујна и капацитет за голем број гости. Од трет до петти кат има сместувачки единици од различен тип: апартмани, единечни и двокреветни соби, соби адаптирани за лица со попреченост.

Клиент:

/

Локација:

Катлановска бања

Статус:

Завршен

Година:

2016

Тим:

Тетрактис

/
Selected Image