mk en

УКИМ, Скопје

Проектот за настрешницата на суптилен начин ги поврзува машинскиот и електротехничкиот факултет овозможувајќи интерактивност - заради нивната заедничка природа и комуникација на студенти и професори. Настрешницата во попречен пресек има форма на авионско крило, модел по кој принципот на нејината лесна конструкција одолева на бетонот. Конструирана е од шест челични лачни елементи кои ја потпираат и ја надвишуваат челичната решетка обложена со челични панели. Одлично се интегрира во просторот поради нејзината неупадливост, виткост и елеганција, запазувајќи ја нејзината функционалност, издржливост и ефикасност во секој аспект на нејзината употреба.

Клиент:

УКИМ

Локација:

Скопје

Статус:

Завршен

Година:

2022

Тим:

Тетрактис

/
Selected Image